Рентген дијагностика

Х-зраците се неизбежна постапка во високо квалитетната стоматолошка дијагностика. Таа е неопходна бидејќи дава увид во здравствената состојба на делови од усната шуплина кои не се видливи за време на клиничкиот преглед.

На рентген (Ртг) снимката можеме да ги видиме забниот корен, но и други важни структури кои се наоѓаат околу самиот корен (коска, сврзни влакна, коскени канали) кои не се видливи со голо око. Во секое од овие ткива може да започне патолошки процес (најчесто инфекција), кој можеме да го детектираме само со помош на рентген.