Имплантологија

Имплантите се наједноставно решение да го надоместиме изгубениот заб, односно супституција за корен на заб. Се користат во случаеви кога недостасуваат еден или повеќе заби. Имплантите веќе со години се најсигурното и најсовремено решение за надоместување на заби.

Постапка за вградување импланти:

Преглед и планирање терапија

Се врши детална дијагностика со преглед на вилицата каде што се гледа состојбата на коската во која треба да се вгради имплантот.

Вградување на имплантот

Процедурата се врши со локална анестезија. Имплантот хируршки се вградува во коската и е потребно време од 4-6 месеци за остеоинтеграција.

Време на прифаќање на имплантот (остеоинтеграција)

Време потребно имплантот да зарасне во коската е период од 4-6 месеци.

Вградување на коронки

После зараснување на имплантот во коската се поставуваат коронки, мостови или протеза.

Нега и контрола

Грижа за оралната хигиена, користење на интердентални четкички за заби, како и редовен преглед, се важни за долго траење на имплантите.