Ортодонција

Ортодонцијата е гранка на стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на проблеми со исправувањето на забите и вилиците. Ортодонтскиот третман предвидува дизајнирање и употреба на помагала за корекција.

Ортодонските протези работат на тој начин што откако ќе се постават прават мал притисок врз забите од време на време и бавно ги движат забите во правилната забна редица. Како што забите се движат забната коска си ја менува формата спрема поставениот притисок.

Неправилната подреденост на забите, наречена малоклузија, покрај естетскиот може да доведе до расипување на забите и да биде домаќин на понекогаш болни дентални заболувања.

Ортодонтскиот третман е поволен за секого, меѓутоа идеалниот момент за почеток на третманот е пред или во период на пубертетот.